Детенце од Белица го чувала змија за да не го нападнат животни, се додека не дошле родителите

Категории: Ризница, Слајдер

Овој настан и ден денес се прераскажува од Беличани. Мене ми е прераскажан од мојата мајка, нејзе од мајка и. Сам по себе е интересен и невообичаен.

Човекот од многу причини има аверзија и страв од змии. Дали е оправдана нашата реакција према ова животно, проценете сами.

Настанот е вистинит и се има случено во селото Белица (кичевска), пред околу повеќе од половина век. Едно семејство откако цел ден работело на нивата, приквечерта се спремале да си одат. Тогаш забележале дека едно од децата го нема. Момчето немало повеќе од 5 години. Тргнале да го бараат и откако не го нашле во близина се задало цело село да го бара.

Како што се спуштил мрак, селаните ја прекинале потрагата. Следното утро од рани зори тргнале повторно да го бараат. По некое време го здогледале момчето како спие во трева, а до него завиткана голема змија. Се исплашиле и тргнале некако да ја тргнат и убијат змијата. Во намерата ги спречила постара жена која ги одвратила намерата кажувајќи им дека змијата воопшто нема намера да го нападне момчето, туку дека е тука и цела ноќ го чувала. Почнале полека да прават шум со цел да ја разбудат и змијата. Откако змијата ја видела толпата луѓе, полека заминала од местото, а родителите биле со своето дете.

Селаните раскажуваат дека детскиот плач ја привлекол змијата и таа била спремна по цена на својот живот да го одбрани детето од друго животно. Така некако овој случај завршил среќно.

На оваа случка ме потсети едно видео кое деновиве беше споделено на неколку портали, како четири кобри бранат мало дете кое спие. Погледнете:

Ова однесување на змиите не е непознато. Се претпоставува дека змиите ги привлекува детскио плач и во тогаш пројавуваат чудно однесување да се постават заштитнички.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,