Монасите го одбранија од напад православниот манастир Свети Ѓорѓи

Категории: Свет, Слајдер

Православниот манастир Свети Ѓорѓи кој се наоѓа во близина на селото Мармарита во провинцијата Хомс во Сирија бил нападнат од сириските бунтовници. Манастирот кој датира од четвртиот век бил бранет од монасите и локалната милиција. Во нападот на манастирот загинале 11 монаси.

Непознат е бројот на загинати од страна на напаѓачите, составени од странски платеници кои се борат во некоја од екстремистичките организации на страната на сириската опозиција. По нападот, напаѓачите се повлекле накај Ал Хосн.

Долго време игумен на овој манастир бил Антиохискиот Патријарх, Јован Десетти. Неговиот брат, митрополитот Павле, беше заробен на 22 април од страна на сириските бунтовници.

Селото Мармарита е православно село. Оваа област од пред неколку недели е нападната од страна на сириските бунтовници. Во саботата, сириските бунтовници во близина на манастирот масакрираа 11 луѓе на контролен пункт, од кои дел оделе на прослава на празникот „Eid al Sadie“ (Празникот на Богородица).

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,