Заробувачите на смртта ви претставуваат: „Морбидизам“ и „Креатури на смртта“

Категории: Кичево, Слајдер

На 21 септември во Центарот за култура во Кичево ќе се случи интересен настан: Промоција на збирката на кратки раскази „Морбидизам“ од Златко Ѓелески и изложба на слики и цртежи „Креатури на смртта“ од Игор Аврамоски.

„Морбидизам“ е манифест на македонскиот фантастичен расказ, а неговиот автор е борец за литературата на имагинарното, истражувач на најтемните простори на човечкото постоење, смело откривајќи ги домените на натприродното, необјаснливото, непознатото и забранетото знаење. Хорор преданија раскажани на македонски начин. Педесет кратки и смели литературни бодежи кои никој читател нема да го остават рамнодуше – стои во рецензијата на „Морбидизам“, прва книга на Златко Ѓелески, млад македонски писател, филмски, музички и литературен критичар.

– Поентата ми беше да се отвори нова страница во македонската литература , односно да се модернизира македонскиот краток расказ со сите стремежи и тенденции кои неколку децении наназад се присутни во светски рамки – зборува за своето дело Ѓелески.

Ѓелески е кичевчанец, роден на 9 февруари 1986. Основно и средно образование завршил во Кичево, а дипломирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Коневски“ во Скопје. Уредник е на хорор списанието „Кошмар“.

Промоцијата на книгата ќе биде проследена со изложбат на слики и цртежи „Креатури на смртта“ на Игор Аврамовски, а обете културни случувања заеднички беа насловени „Заробувачи на смртта“. Аврамоски се јавува и како илустратор на сликите за „Морбидизам“.

Книгата својата промоција ја имаше на 4-ти септември во Младинскиот културен центар во Скопје. Промоцијата во Кичево е закажана за 21 септември  (сабота) во 19.00 часот во НУЦК Кочо Рацин.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,