Моштите на Свети Никола пристигнаа во Битола

Во Битола попладнево се одржа литија по повод пристигнувањето на моштите на Свети Николај Мирликијски – Чудотворец во градот.

Моштите беа донесени од страна на Ахимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, заедно со неговото братство и сестринство.

Откако беа целувани, моштите беа поставени на местото каде некогаш се издигал храм посветен на Свети Никола. Денес на ова место има параклис.

Оттука, поворката тргна кон населбата Боримечка каде има храм на Свети Никола, движејќи се по улиците Никола Тесла, Солунска, Железничка, Индустриска и Боримечка.

Моштите беа дочекани и положени во храмот од владиката Преспанско – Пелагониски, Господин Петар.

Во текот на денов ќе се одржи Акатист и целивање на Светите Мошти како и вечерна богослужба и бдение над моштите до раните утрински часови.

Утре, во раните утрински часови со почеток во 7 часот ќе се одржи утрена Богослужба, а во 8 часот ќе започне Божествена Литугија со која ќе чиноначалствува Митрополитот Петар.