Познатите мозаици од Равена од вечерва изложени во Македонија

Категории: Македонија, Слајдер

Мозаик од базиликата Сан Витале во Равена на кој е претставен Византискиот Цар Јустинијан I со неговата свита

Во Археолошкиот музеј на Македонија вечер ќе биде отворена изложба „Античките мозаици од Равена“ која ја организира Амбасадата на Италија во Скопје, по повод претседавањето со Европската унија и во рамки на Неделата на италијанскиот јазик.

Ќе бидат изложени 25 избрани мозаици од вкупната колекција во Равена, кои се светско културно наследство и заштитени од УНЕСКО, а во Археолошкиот музеј ќе бидат изложени до 8 јануари 2015.

Колекцијата од верни копии на античките мозаици е изработена во почетокот на 50-тите години од 20 век, со цел светот да ја запознае Равена и нејзините бесценети мозаици. Делата се идентични  копии на оригиналите кои и денес се нераздвоен дел од монументалните градби во Равена.

Изведбата на копиите била под кураторство на група мозаичари од Академијата за ликовни уметности, кои го чувале древниот рачен занает.

Мозаик од базиликата Сан Витале од Равена: Византиската царица Теодора, сопруга на Јустинијан со девојки од царскиот двор. Мозаикот бил завршен на само 40 дена пред таа да почине.

Мозаиците од гостувачката изложба се копии на оригинали од Мавзолејот на
Гала Плачидија, базиликите Сан Витале и Нов Св. Аполинер, Крстилницата на Неон и Архиепископската капела.

– Во последните педесет години различни селекции на овие дела, кои се сопственост на Град Равена, се изложувани во европските градови и во светот. Првпат во Скопје имаме можност да ги видиме најценетите 25 дела, конечно пристигнати во родната земја на императорот Јустинијан кој воедно бил и инспирирачка фигура за нивното создавање, соопшти Амбасадата на Италија во Скопје.

Равена е престолнина на мозаикот, чувар на најбогатото светско  наследство на антички мозаици од 5-тиот и 6 век. Тој е антички град на северниот брег на  Јадранското Море, кој пред 1500 години бил престолнина на западната Римска Империја, престолнина на Теодорик – првиот готски крал и престолнина на византиската империја во Европа.

Од тој период е огромното наследство од религиозни градби декорирани со мозаици. Мозаикот како уметничко изразување својот највисок стадиум го достигнал токму во Равена. Во мозаиците од Равена е родена христијанската иконографија; испреплетеност на реализам и симболизам, на римски и византиски влијанија. Седумте свети градби во Равена во 1997 година УНЕСКО ги прогласи за светско културно наследство кои во својата внатрешност ги имаат мозаиците од оваа изложба.

Изложбата вечер во 19 часот во Археолошкиот музеј на Македонија ќе ја отворат италијанскиот амбасадор Еренсто Масимо Белели и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,