Мудрости од основно училиште

Категории: Магазин, Хумор

„Муслиманската библија се вика Кодак.“

(а јапонската се вика Фуџи…)

* * *
 Папата живее во Вакуум.

(баш би било тоа фино!)

* * *
Во Франција некогаш криминалците ги усмртувале со желатин.

(Французите секогаш биле нежни)

* * *
Кај нас мажите можат да се женат само еднаш. Тоа се вика монотонија.

(гледате, тоа е јасно веќе во трето одделение…)

* * *
Кај нас дома секој има своја соба. Само тато не, тој мора да спие кај мама.

(добро, не може баш сите да бидат еднакви)

* * *

Рибите се множат така што носат искри!

(Хмм..?)

* * *
Машко не може да се ожени со машко затоа што тогаш ќе нема кој да го облече фустанот на невестата.

(логично, нели?)

* * *
Животно осигурување се пари кои ги добива оној кој ќе преживее смртен случај.

(Да. И таквите после главно живеат во Бразил под друго име!)

* * *
Моите родители купуваат само рециклирана тоалетна хартија бидејќи таа веќе бил употребена и не штети на околината.

(на здравје!)

* * *

Посвојувањето е добро бидејќи родителите така можат сами да си одберат дете а не да го земат тоа што им се паднало.

(факат е така.)

* * *

Кравите не смеат да трчаат брзо да не го истурат млекото.

(а истуреното млеко тешко се враќа назад!)

* * *
Праската е како јаболко со тепих.

* * *
Ако јадеме болни крави ќе добиеме ISDN.
(Што се мора да изедеме за да добиеме ADSL?)
* * *
Сардините се мртви и веќе не можат да пливаат.

(освен во зејтинот од конзервата!)
* * *
Не сум крстен ама затоа сум вакциниран.

(тоа се вика привремено решение?)
* * *
Кога луѓето престанале да бидат мајмуни станале Египќани.
* * *
Возот со голема бука застана и патниците се истресоа на станицата.

(На таква брзина мора да осеќале голема потреба…)
* * *
Пролетта е првото годишно доба. Во него кокошките несат јајца а селаните компир.

(без помфрит ве молам!)
* * *
Тетка ми имаше болки во зглобовите и  не можеше да ги дигне рацете над глава. И со нозете имаше такви проблеми.

(сочувство со тетката..)
* * *
Лизгачката изведе пируета при што нејзините сопствени ветришта и ја дигнаа сукњата.

(Упс…)
* * *
Кругот е тркалезен квадрат.
* * *
Земјата се врти 365 дена секоја година. Затоа и треба еден ден повеќе секоја година па тоа се рачуна во февруари. Зошто е така – не знам. Може затоа што во февраури е ладно, онака на тврдо.
* * *
Свињата е најкорисно животно. Од неа може се да искористиме: месото од напред и позади, кожата за кондури, влакната за четки а името за пцуење.
* * *
НОВИ ТЕОРИИ:
– Кучињата сакаат вода. Некои ја сaкаат толку што живеат во неа. Тоа се морски кучиња.
* * *
– Сите риби носат јајца а руските риби носат кавијар.
* * *
– Зоолошките градини се супер. Tаму живеат и животни кои не постојат.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,