Над илјада загинати во борбите околу Кобане

Категории: Свет, Слајдер

Повеќе од илјада луѓе воглавно џихадисти убиени се за време на одбраната на сирискиот пограничен град Кобане откако Исламска држава покрена офанзива врз тој град пред речиси два месеца, соопшти Сириската организација за човекови права.

– Најмалку 1.013 луѓе се убиени во борбите околу Кобане од почетокот на офанзивата досега, прецизира Рами Абдел Рахман од таа организација.

Меѓу убиените се 609 џихадисти од сунитската екстремистичка група Исламска држава, 363 припадници на Курдската народна заштитна единица, 16 курдски доброволци и еден сириско-арапски припадник од редовите на Курдите како и 24 цивили. Во тие цифри не се наведени жртвите кај џихадистите од американските воздушни напади.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,