Над 120 интервенции на хеликоптерите и авионите за елиминирање на пожарот крај Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Надлежните органи мораа да вложат максимален напор, како би бил елиминиран пожарот, кој од саботата беснееше во близина на Кичево и во кој беа опожарени над 50 хектари борова шума. За целосно завршување на оваа кампања беа употребени два армиски хиликоптери и еден авион канадер.

– Во двата дена хеликоптерите извршија вкупно 106 интервенции, 73 во неделата и 33 интервенции во понеделникот ,додека во исто време противпожарниот авион Ер трактор во 20 наврати интервенира врз опожарениот простор. Во ова време авионот и хелихоптерите испуштија над 300 тони вода над опожарената површина и околу 50 тони беа испуштени од земја од протипожарните возила на ТППЕ Кичево. Така што огромна енергија беше потрошена за многу кусо време, за да биде елиминиран овој пожар кој направи непроценливи штети на боровата шума во близина на Кичево, која беше засадена кон средината на минатиот век- информира Драгољуб Попоски од Дирекцијата за заштита и спасување.
Езерцата на површинскиот коп Осломеј, во голема мера помогнаа хеликоптерите за кусо време да се враќаат над огнената стихија и по само 8 минути да интервенираат над опожарениот простор.  Така што за еден час секој хеликоптер имаше по 8 интрвенции, што придонесе оваа стихија конечно да биде елиминирана.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,