Надзорна расправа за локалната власт и децентрализацијата

Категории: Македонија

Примената на Рамковниот договор во Струга и Кичево и процесот на децнетрализација беше во фокусот на денепната надзорна расправа за локалната власт и децентрализацијата во собраниската Комисија за локална самоуправа.

На прашањата на членовите на собраниската Комисија одговараше вицепремиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор Муса Џафери.

Васко Пашовски го праша кои се неговите ингеренции за да ја спречи дискриминацијата по етничка основа и да обезбеди спроведување на Рамковниот договор на целата територија на земјава, свесен за, како што рече, мултиетничкиот карактер на државата и потребата да се гради соживотот.

– Се отпуштаат само Македонци, а на нивно место се примаат луѓе коишто припаѓаат само на албанска етничка заедница. Јасно ви е дека во Струга имаме градоначалник Албанец, секретар на општината Албанец, сега и претседател на Советот се бара да биде Албанец каде што се застапени со 40 проценти Македонците, а немаат никаков претставник, односно не се вклучени во никакво одлучување на локалната власт. Тоа е случај и во Кичево. Официјалната веб страна на општината Тетово е само на албански јазик. Тоа е случај и во Струга и Кичево. Имаме непочитување на Законот за знамињата, кој што ако е донесен и сме се договориле тогаш треба да го почитуваме, додаде Пашовски.

Оградувајќи се однапред да биде погрешно разбран, вицепремиерот Џафери од, како  што рече сопствено искуство, сега станува јасно како е да се почувствува на сопствената кожа што значи да се биде малцинство.  Тој додаде дека не сака да провоцира, но дека процесот треба така да се менаџира за двете страни да се убедат дека правниот систем дозволува мајоризација со механизмот на гласовите.

– Треба на ова да  пристапиме со поголема меѓусебна доверба. Во подготовка сме на законот за администрација, закон кој што ќе треба да ја уреди администрацијата на државно ниво. Правичната застапеност е во однос на изнаоѓање на законски норми коишто даваат можност на тој што е малцинство да не се дискриминира, меѓутоа не врз грбот на мнозинството. Кога ќе се прима на работа во институцијата нов кадар било на ниво на централна или локалната власт законот треба да биде тој што ќе гарантира недискриминација, рече Џафери.

Надзорната рапсправа за имплементација на процесот на децентрализацијата ја иницира ДУИ.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,