Американска компанија од светски ранг со најава за инвестиција во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Американска компанија најавува инвестиција во Технолошко-индустриската развојна зона „Кичево“. Ова го изјави премиерот Никола Груевски во саботното интервју за дневниот весник „Дневник“.

– Една американска светска компанија, која има годишен обрт од 2 милијарди долари, ни најави инвестиција во Кичево, најпрвин во постоен објект, а потоа префрлање во слободата зона. Тие се од индустријата на автомобилските делови и нивниот сегашен план е да вработат 700 луѓе во период од две до три години, а во последниот квартал на оваа година најавија дека ќе почнат да адаптираат објект и да почнат со вработувања – изјави Груевски.

Ова е првата најава за инвестиција во ТИРЗ Кичево.

Ваквата инвестиција е повеќе од добредојдена во Кичево бидејќи градот има хронично висока невработеност и одлив на млади луѓе. Со отворањето на ваков капацитет покрај најавените 700 директни вработувања, ќе се поттикнат и индиректните вработувања, како и заживување на повеќе индустриски гранки во градот.

Пред 2 недели фирмата Скопски легури Мајнинг ДООЕЛ од Скопје ја доби дозволата за експлоатација на руда од рудникот Стогово со што се очекуваат отворање на нови 250 работни места.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,