Најдовски: Разговори со Вардар има, но договор сеуште нема

Категории: Спорт

Во последните десетина дена,медиумски најекспониран фудбалер на Напредок секако е младиот Филип Најдовски, кој и пред почетокот на преодниот рок 1.јануари, беше поврзуван со премин во повеќе познати клубови во земјава и странство.Така што младиот фудбалер моментално стои исправен пред дилемата каде понатаму.

-Написите дека веќе сум се договорил првично со екипата на Металург и потоа со Вардар, не одговараат на фактичката состојба.Единствено можам да ви потврдам дека со Металург воопшто немавме преговори за трансфер ,што се однесува пак до Вардар „разговори има, но договор сеуште нема”. Постои обострано расположение за почеток на соработката и се надевам дека се ќе заврши како што посакувам.Ако разговорите течат во очекуван правец, тогаш за седум – осум дена ќе биде официјализиран мојот трансфер кај актуелниот првак .Ако не успеам да се договорам со црвено-црните, тогаш до крајот на оваа првенствена сезона ќе останам во Напредок, и покрај одличните услови кои ми ги нуди екипата на Тетекс да преминам во нивните редови-рече Филип Најдовски, фудбалер кој како анонимус дојде од Цементарница во Напредок и за краткоо време стана репрезентативец прво на младата селекција на Македонија а потоа и на А селекцијата на Македонијa.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,