Нападнат Спасен Сиљаноски

Категории: Кичево, Слајдер

Синоќа околу 2 часот без причина бил физички нападнат Спасен Сиљаноски од лица од албанска националност. Како што истакнува, бил нападнат само заради тоа што имал обесен православен крст на ретровизорот од неговиот автомобил и поради тоа што е пеjач на народни македонски и патриотски песни.

Претходно бил бркан од 4-5 автомобили низ улиците по што се обидел да избега до полициската станица. Токму пред полициската станица излегол од неговото возило кое сеуште било во движење по што бил кукавички нападнат од 7-8 лица од албанска националност. Никој не реагирал. Полицијата се појавила кога се било завршено.

Сиљаноски не бара никаква одмазда, бидејќи тоа, истакнува, не го дозволуваат неговите корени. Но со право ја бара моралната поддршка за неправдата која му се случила.

„Ова што мене ми се случи, може да му се случи на секој од вас” – пишува на својот профил на Facebook.

Спасен Сиљаноски еден од најквалитетните македонски пејачи на народни песни. Истовремено тој е внук на народниот херој чие име и го носи – Спасен Сиљаноски кој во втората светска војна бил убиен од балистите.

МВР мора да го реши случајот, а виновниците да одговараат пред законот.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,