Судијата Мантев и неефикасноста на напаѓачите на Напредок, виновни за денешниот пораз на сино – белите

Ако против себе имате за противник квалитетна екипа како Брегалница и неквалитетен судија како Петар Мантев од Неготино, а притоа имате и слаба реализација на напаѓачите, тогаш епилогот е повеќе од јасен.
Домашните фудбалери го дадоа својот максимум во првото полувреме,создадоа 5-6 одлични прилики за гол, но во решавачките моменти не успеаја да ја затресат мрежата на Божиноски.Гостите поведоа со 1:0 во 68 минута по очигледната игра со рака на стрелецот Илиев, што не беше казнето од страна на слабиот судија Мантев од Неготино.
Вториот гол беше само нормален епилог на сите случувања на денешниот натпревар во Кичево.Ова е трет натпревар во оваа сезона на кој Напредок ги губи бодовите благодарение на луѓето во црно, кои како да имаат завера против кичевскиот прволигаш.
Текст и фото: Зоран Антоски