Прва победа на разделбата од своите фанови

Категории: Слајдер, Спорт

Фановите на кичевскиот прволигаш чекаа дури 586 минути за да го поздрават првиот гол на својот стадион а го постигна Цветаноски во 56 минута. Инаку Напредок денеска ја совлада екипата на Брегалница со 2:1 со головите на Цветаноски и Симјаноски, додека единствениот гол за гостите го постигна Мандак.

-Оваа победа е најдобар доказ дека имаме квалитет и идната сезона да се натпреваруваме во првата лига.Одигравме квалитетно со силен противник кој за сите ривали е тврд орев
Не знам дали оваа победа ќе ни обезбеди и опстанок во лигата без дополнителен натпревар, но во секој случај ни ја враќа самодовербата пред последниот годинешен натпревар под Тумбе Кафе во Битола-рече Жарко Симјаноски , капитенот на Напредок.
Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,