Напредок детронизиран на теренот во Турново

Сравувањата кај навивчите на Напредок дека во Турново може да доживее вистинска хаварија, се остварија во целост.Сино-белиот брод во дури четири наврати беше торпедиран ,со што ја покажа играчката немоќ која ја демонстрираше и во текот на подготовките.Ако за брзо време нешто несе превземе на играчки план, тогаш за Напредок оваа сезона ќе биде исклучително тешка и неизвесна.
Напредок по ова коло са само еден освоен бод, се наоѓа непосредно до самото дно на прволигашката табела..
 Инаку покрај поразот на Напредок во Турново од 4:0, со идентичен резултат Металург славеше над Гостивар, а злато вредна победа оствари Пелистер совладувајќи ја Ренова на теренот во Тетово од 2-1. Додека неочекувано Вардар само со бод замина од Маџари, исто како што Брегалница и Шкендија ги поделија бодовите на теренот во Штип. Вчера Работнички потешко од очекувањата ја совлада екипата на Македонија Ѓ.П со 1-0. По двете првенствени кола Пелистер и Турново со стонастотен учинок се наоѓаат на чело на табелата.
Текст и фото: Зоран Антоски