Напредок домаќин на Ренова на воведниот првенствен натпревар

Како и лани така и годинава воведниот првенствен натпревар, екипата на Напредок ќе го одигра против составот на Ренова.

За разлика од лани кога играа во Тетово а мечот заврши 1:1, годинава Напредок ќе биде домаќин на прволигашот од Џепчиште. Сино белите со многу проблеми во играчкиот состав го стартуваат овој шампионат и со огромни проблеми од персонален карактер, тренерот Здравков го очекува утрешниот натпревар.
–       Кого нема, без него се мора, така и ние поради повредите на дури петмина фудбалери ќе мораме да изведеме состав од оние играчи кои се сеуште здрави и желни за надигрување. Не би прогнозирал како ќе заврши натпреварот, но би бил среќен ако и во вакви околности ги освоиме трите бода и со триумф ја започнеме новата првенствена сезона- рече тренерот на Напредок, Гордан Здравков.
Зоран Антоски-Кичево