Напредок си отвори европски хоризонт

Категории: Слајдер

Прволигашот од Kичево, кој ја одигра најдобрата есен, досегашната грижа за опстанок во елитното друштво ја замени со меѓународни сништа

Kичевскиот фудбалски прволигаш Напредок може да се пофали со најдобриот биланс во досега одиграните единаесет полусезони. Ако изминатите години Напредок по првиот дел од сезоната се фокусираше кон опстанокот во лигата, зимава погледот на „сино-белите“ е свртен кон врвот на табелата. Kичевци првпат зимава ќе ги греат европски сништа. Посебна акцент, на што се горди кичевци се настапите пред своите гледачи, каде што од можните 27 бода освоија дури 23 бода.

Kарактеристично за есенскиот дел е што Напредок не успеа да триумфира на мечевите на кои гостинот прв дојде во водство пред своите гледачи. Така беше против Дрита и на последниот првенствен натпревар со Металург. Дека Напредок е рамноправен тим и со најдобрите во лигата, говори и фактот што кичевскиот прволигаш од двете првопласирани екипи во лигата Вардар и Хоризонт, на гостувањата загуби со по 1:0, и во двата наврата по прецизно изведени удари од 11 метри. И овој факт говори дека Напредок има капацитет и за највисоки дострели.

Со 31 бод Напредок е на делба на третата позиција заедно со Металург.

– Ова беше најдоброто остварување на Напредок откако го водам тимот од клупата. Во текот на есенската полусезона на ниту еден натпревар не бевме надиграни и како најлош ден за нас е неочекуваниот пораз на гостувањето кај дебитантот во прволигашката конкуренција Дрита (3-0). На останатите натпревари бевме рамноправни, дури и подобри од противниците. Така беше и на двата меча во Kичево кои не ги добивме со Дрита и Металург – вели Драган Бочевски, тренерот Драган Бочевски.

Со мал играчки потенцијал Напредок ја истурка оваа полусезона и речиси пред секоја средба имаше повредени, суспендирани или болни фудбалери.

– Играчкиот потенцијал ни е лимитиран. Имаме добар стартен состав, и куса клупа. Така што секоја повреда или казна беше тешко надоместлива. Тоа е проблем на помалите клубови, кои поради лимитираниот буџет немаат можност да плаќаат голема играчка конкуренција – додаде Бочевски.

За плановите во пролетниот дел и очекувањата во преостанатите 15 првенствени кола, Бочевски вели дека со соодветни надополнувања на играчи план, тимот ќе остане конкурентен да се бори за првиот настап во еврокуповите.

– Во вториот дел од сезоната ќе го немаме на располагање Симоновски, кој се врати во матичниот клуб Металург, како и стоперот Никанчески кој ги напушти нашите редови. На Најдовски и на Василев им завршија обврските и најавуваат дека ќе побараат нови средини. Играчките рокади во нашиот состав се извесни, па за да ја оствариме целта мораме да доведеме квалитетни засилувања.

Зоран Антоски

Извор: Дневник

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,