Напредок подобар од Македонија Ѓ.П.

Со победата од 2-1 над екипата на Македонија Ѓ.П. , Напредок по вторпат се радуваше оваа есен.Головите за Напредок ги постигнаа Маркоски во 28 и Кркелиќ во 85 минута, додека единствениот гол за гостите го постигна Колеќески во 75 минута.
-Не беше нималку лесно да се дојде до трите бода во мечот со повратникот во лигата.Можеме да жалиме што по водството од 1-0 , не поведовме и со  2-0, по ударот во стативата на Раичевиќ.Но и вака можеме да бидеме задоволни, бидејќи совладаве жилав противник , кој на многу екипи ќе им ги расипе сметките –рече по натпреваро, Ќире Степаноски.
Текст и фото: Зоран Антоски