Напредок преку Локомотива продолжува во купот, Зајас елиминиран од Вардар

Половичен успех на кичевските клубови во рамките од Купот на Македонија. Напредок ја прегази Локомотива  на нејзин терен со 5-1 , додека Зајас загуби од Вардар на теренот во Кичево со 2-4.
Кичевскиот второлигаш беше рамноправен ривал на шампионот во поголемиот дел од мечот , но сепак пресуди поголемото искуство и  квалитет на страната на Вардар.
За големото залагање и прикажаната игра, домашните фудбалери со аплаузи беа испратени од илјадната публика, бидејќи и резултатски можеа подобро да поминат, бидејќи промашија пенал а го погодија и дирекот од вардаровиот гол.
Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)