Напредок на првата контрола одигра без голови 0-0

Категории: Спорт

На првиот од четирите контролни натпревари, екипата на Напредок, одигра без голови 0:0 а противник му беше новиот второлигаш Зајас.

Во текот на натпреварот тренерот Гордан Здравков изведе два комбинирани состави во кои шанса им даде на сите играчи на кои може да смета во претстојната првенствена сезона. Прволигашот имаше неколку зрели прилики за гол а најсериозни беа шансите на Цветаноски и Балажи во второто полувреме. Во текот на саботното претпладне

Напредок остана без својот стандарден голман Пеце Коруноски, кој ја скина ахиловата тетива и според првичните проценки на лекарите неговото отсуство од терените ќе биде околу половина година. Овој пех ги присили челниците на клубот ургентно да побараат алтернатива за тешко повредениот голман.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,