Напредок убедлив во Купот и веќе е во наредната рунда

Категории: Слајдер, Спорт

По малку неочекувано но повеќе од заслужено, екипата на Напредок оствари висока победа од 3:0 ,на првиот натпревар во рамките на купот на Македонија против екипата на Гостивар.
Сино-белите на ова гостување делуваа доминантно,постигнаа три гола и ширум ја отворија вратата во четвртфиналето на Купот .Головите за екипата на Напредок ги постигнаа Христијан Димоски-2,по еден во првото и второто полувреме и во самиот финиш од натпреварот противничката мрежа ја затресе и Раичевиќ, со што реваншот на 25 септември ќе биде само формалност, бидејќи тешко е да се поверува дека домашниот Напредок може да ја прокоцка разликата од 3:0.
-Овој триумф е одлична увертира пред првенствениот натпревар овој викенд ,кога на нашиот стадион го очекуваме силниот Пелистер, но и натпревар од кој посакуваме три големи бода за потврда на добрата игра и победа во купот против Гостивар-рече Ристе Маркоски.
Фото и текст: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,