Напредок никако да победи ова лето


Трендот на нерешени игри и во летниот подготвителен циклус, станаа вообичаена работа за екипата на Напредок. Така што кичевскиот прволигаш ниту денеска не успеа да победи , бидејќи одигра само 2-2 со екипата на Руфеја .

Дури гостите имаа водство од 2-0 , кое сино белите со головите на Вренцоски и Балажи го анулираа до крајот на првото полувреме.Во вториот дел јалова теренска иницијатива на Напредок , што придонесе и конечниот резултат на натпреварот да биде оној од полувремето . Во вторник Напредок ќе го одигра  и четвртиот пријателски натпревар со екипата на Победа.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)