Напредок против Гостивар очекува прв есенски триумф

По ремито со Металург во Скопје и добрата игра на Железарница, Напредок денес на својот стадион во Кичево го пречекува новолигашот Гостивар.Во сино-белиот табор се е подготвено за да се дојде до првата есенска победа и конечно се направи чекор напред на првенствената табела.На денешниот натпревар на клупата на Напредок ќе дебитира новиот тренер Горазд Михајлов, кој на кормилото на клубот го замени Гордан Здравков.На овој меч единствено нема да настапат повредените Петрески,Најдовски и Б.Вељаноски.Мечот започнува во 17 часот а правдата ќе ја дели скопскиот судија, Димитар Мечкаровски.
Текст и фото: Зоран Антоски