Пелистер доцнеше два часа на дуелот со Напредок

Категории: Спорт

По трите победи и исто толку порази, екипата на Напредок на прошталниот зимски тест одигра 1:1 со екипата на Пелистер.

Ова беше првото реми на Напредок во овој подготвителен циклус.Некомплетниот Напредок без Симјаноски и Петрески, одигра борбен натпревар, кој можеше на крајот да го реши во своја корист, бидејќи прв дојде во водство со 1:0 со голот на Вељаноски а на петнаесетина минути пред крајот пелистерци изедначија на 1:1.Инаку овој натпревар се одигра на стадионот на Караорман во Струга а мечот започна со закаснување од речиси два часа, бидејќи екипата на Пелистер имаше дефект на автобусот, со кој се превезе до Струга.

-Последниот контролен натпревар оваа зима, беше воедно и генерална проба пред стартот на пролетната полуетапа.За разлика од претходните неколку контроли, денес одигравме борбено и доста ангажирано.Мечот не обилуваше со многу прилики за гол,но сепак според развојот на настаните на теренот, можевме на крајот да излеземе и како победници.Како и на претходните неколку меча и на овој настапивме некомплетни, без двајца стандардни играчи од најдобриот состав-рече Илија Божиноски,претседателот на Напредок.

Напредок состав:Пашоски,Најдоски,Балажи,Вељаноски,Ристески,Маркоски,Костенцоски,Вренцоски,Василев,Цветаноски и Димоски.

Зоран Антоски

Извор: www.sportefe.com.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,