Напредок изби на третото место во Првата лига!

Категории: Слајдер, Спорт

Под налетот на кичевски Напредок овој викенд падна и составот на Пелистер.

Сино белата машина работи беспрекорно оваа есен ,и како плод на таквата игра е и богатата жетва на бодови.Ни отсуството на тројцата стартери Најдоски,Степановски и Никанчевски ,не се почувствува во играта на Напредок, така што и нивните замени многу успешно си ја завршија својата работа.

Пелистер во Кичево не дојде да се брани ,туку битолчани во добар дел од натпреварот беа рамноправен ривал на домашниот состав.Сепак шансите беа на страната на Напредок и единствениот погодок во 70 минута.

Така во 39 минута Цветаноски убаво се проби по левата страна, ја врати топката пред празниот гол, но Симоновски за малку задоцни и оваа прилика отиде во неврат.Во 43 минута Михајлоски убаво нафрли од деснта страна,Симоновски од 5 метри биеше со глава во голманот на гостите Коруноски.

Во 56 минута по третиот корнер на Напредок, Симоновски наместо во мрежата ја погоди гредата од голот на гостите.Во 70 минута 1:0 за Напредок,Цветаноски.Акцијата се одвиваше по деснатас страна,Михајлоски во висински момент го вработи слободниот Цветаноски, кој од многу тешка позиција, речиси од мртов агол, ја затресе мрежата на немоќниот Коруноски.Најсериозните закани на гостите од Битола беа корнерите и нивната скок игра, но при сите нафрлања домашната одбрана беше на своето место и битолските зелени не дојдоа во ситуација да ја затресат противничката мрежа.

Драган Бочески-Напредок: Во натпревар во кој и двете екипи ги посакуваа трите бода , успеавме со единствениот погодок да дојдеме до драгоцена победа.Иако се играше рамноправно, сепак шансите беа на наша страна а еднаш го погодовме и дирекот на голот на Коруноски.Настапивме некомплетни ,но благодарние на борбената игра на сите фудбалери, дојдовме до уште еден значаен успех.

Миле Димов-Пелистер: Не треба да потсетувам колку ни беа важни бодовите од овој натпревар, за да го подобриме пласманот на табелата.Во поголемиот дел од натпреварот бевме рамноправен партнер имавме и свои прилики, но Напредок постигна еден погодок со што ги освои и трите бода.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,