Напредок во Тетово по поволен резултат проти Тетекс

Во рамките од четврт финалето на купот на Македонија, денес екипата на Напредок ќе го одигра првиот од двата натпревари против актуелниот освојувач на купот Тетекс од Тетово.

Екипата на Напредок во градот под Шара патува со цел од првиот натпревар да извлече што поповолен резултат, како би можел во реваншот да ја анулира предноста на домаќинот и да се пласира во полуфиналето на купот. Тренерот Горазд Михајлов одлучи да одмора дел од своите стартери, така што под Балтепе нема да настапат браќата Степановски, Маркоски, Цветаноски и Кркељиќ, што не значи дека сино белите одат во Тетово со однапред познат епилог.
–       Тетекс и покрај тоа што во моментов е второлигаш, сепак има екипа која е равна ако не и подобра од повеќе прволигашки тимови. Ние ќе се потрудиме на првиот натпревар да оствариме резултат, кој по реванш мечот ќе ни гарантира сигурен пласман во полуфиналето на купот. Не очекува тежок натпревар, но ако сакаме да го повториме резултатот од 2004 година, тогаш не смееме да размислуваме за нашите противници- рече Куштрим Балажи.
Реванш мечот помеѓу денешните противници се игра дури на 20-ти Ноември на градскиот стадион во Кичево.
Зоран Антоски-Кичево