Напредок поразен дома од Шкендија

Категории: Спорт

Не беше одамна кога со само 8 играчи ја победивме Шкендија во Кичево. Уште поскоро беше кога Шкендија едвај се спаси од пораз сред Тетово.

Напредок подолго време не личи на себе. Во саботата, на големо разочарување на кичевчани, претрпе дебакл среде Кичево кога загуби со 3:0. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме и освен еден црвен картон за Цветаноски, второто полувреме не донесе ништо ново.

Тешко дека можеме да зборуваме за излез во Европа. А изгледаше толку блиску, дури и титулата. Нашата екипа нема победа цели 2 месеци, а на табелата сме во слободен пад. Во сабота играме повторно дома, со екипата на Работнички.

Што се случува со Напредок?

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,