Напредок повторно поразен дома
Попладнево Напредок доживеа нов пораз на домашен терен во дуелот против Работнички. Двата гола беа постигнати во последните 2 минути, а стрелец и на двата гола беше Велкоски.
Интересно е што Велкоски беше стрелец и на единствениот гол од дуелот пред 2 месеци кога Напредок го претрпе првиот пролетен пораз во пролетната полусезона.
По овој пораз Напредок падна на 8-мата позиција. Следниот натпревар го игра следната недела во гости против екипата на Металург.