Напредок поразен се враќа од Тетово

Во игра со многу голови, малку требаше Напредок да се врати со бод од гостувањето против Шкендија во Тетово. Релативно брзо екипата на Шкендија дојде до водство од 1-0 уште во 10′ минута преку голот на Нухиу, за две минути подоцна Мазнов да го зголеми резултатот на 2-0.

Поради груба игра, во 25′ минута по груб прекршок од страна на Реџепи екипата на Шкендија остана без еден играч и беше покажано на белата точка. Успешен реализатор на голот за напредок беше Балажи. Пет минути подоцна Шкендија повторно ја врати разликата од два гола и поведе со 3-1. По втор пат во листата на стрелците се запиша Нухиу. Со овој резултат се замина на полувреме.

Во второто полувреме Напредок се консолидира и започна поагресивно да напаѓа на голот на Шкендија. Во 85′ година Маркоски ја затресе мрежата и намали на 3-2. Овој погодок ја врати надежта дека кичевчани ќе се вратат непоразени од гостувањето но резултатот остана непроменет до крај.