Напредок поразен во реванш мечот со Гостивар со 1:2

0Shares

По триумфот на првиот натпревар  во Гостивар со 3:0,екипата на Напредок и покрај поразот во реваншот од 1-2 , ги продолжува натпреварите во Купот на Македонија.
На реванш мечот тренерот на Напредок Горазд Михајлов изведе шарен состав, со повеќемина фудбалери кои претежно седат на клупата за резервни фудбалери.Сепак домашниот состав преку Раичевиќ во 35 минута поведе со 1:0, резултат со кој се отиде и на одмор. Гостите на самиот старт од второто полувреме во 48 минута, преку Џафери израмнија на 1:1 а Хајдари во 76 минута ја завери победата на Гостивар. И овој резултет и играта на Напредок се вклопуваат во есенското сивило на кичевскиот прволигаш.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)