Напредок пролетва освои само шест бода

Еден постигнат гол за 630 минути и само шест освоени бода во седумте пролетни кола е ефектот на Напредок во вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига

И додека во првиот дел од првенството Напредок имаше совршен скор пред своите гледачи, пролетва во четирите домашни натпревари во три наврати ремизира и еднаш беше поразен.

– Ние сме безмалку истата екипа од есенскиот дел, недостигаат само Степаноски и Симоноски, но дали е тоа единствената причина за лошите резултати пролетва не можам да најдам соодветен одговор. Во секој случај, отсуството на Симоноски во нападот е голем минус во нашата игра, но мораме да најдеме преодно решение за да можеме оваа сезона успешно ја приведеме кон самиот крај – вели Драган Бочевски, тренерот на Напредок.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија