Напредок против Шкендија и против традицијата во Тетово

На криљата на триумфот против Гостивар минатата среда, екипата на Напредок во шестото првенствено коло патува кај исклучително амбицираниот состав на Шкендија во Тетово. Кичевскиот прволигаш на овој меч ќе се бори против традицијата и играчки засилената домашна екипа.

– По традиција на овој терен тешко освојуваме бодови. Домашната Шкендија очекува крај на реми серијата, додека ние се надеваме дека ќе продолжи успешната серија започната пред две првенствени кола со ремито против Металург во Скопје. Домаќинот е фаворит, што не значи дека ние однапред сме предадени, напротив ќе се потрудиме да се надминеме и самите себеси и од жешкиот терен во Тетово, однесеме еден драгоцен бод- рече Ристе Маркоски, мозокот во екипата на Напредок.
Зоран Антоски