На премиерата со Ренова, Напредок одигра нерешено 1:1

Категории: Слајдер, Спорт

 

Иако сите во Кичево очекуваа воведниот првенствен натпревар против екипата на Ренова, Напредок да го реши во своја полза сепак не се остварија.
Тоа се случи поради следните три причини,  неефикасната игра на домаќините, немањето на спортска среќа и пред се поради лошата арбитража на Стојанов.
Гостите поведоа во 19 минута со голот на Емини по акцијата која се одвиваше по левата страна а искусниот Емини со одмерен удар ја затресе мрежата на Напредок.Домаќините израмнија во 75 минута со голот на нововлезениот Мојсоски, кој на најдобар можен начин го искористи проигрувањето на Цветаноски и ја затресе мрежата на Зендели. Домашниот тим може да жали зошто не ги освои трите бода, бидејќи од 67 минута имаше играч повеќе на теренот по вториот жолт картон на Фетаи.
Текст и фото: Зоран Антоски

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,