Напредок само со бод од мечот со Турново

Иако сите во Кичево потајно очекуваа екипата на Напредок да го совлада и многу подобро пласираниот на табелата состав на Турново ,сепак сино-белите и покрај максималниот напор не успеаја добрата игра да ја заокружат и со заслужен триумф.
Дополнително шансата им ја зголеми и исклучувањето на Тенеќеџиев во 20 минута, но како и многупати оваа есен Напредок нема добра завршница, тешко постигнува голови а од друга страна лесно прима ,тоа се потврди и на денешниот меч под Илиница.Не помогнаа ниту новите дресови кои фудбалерите на Напредок за да го разбијат малерот ги облекоа на денешниот првенствен натпревар.Хронолошки натпреварот изгледаше вака.Гостите уште во 5 минута поведоа со 1:0 со голот на Ејупи.Домаќините цело полувреме го кршеа отпорот на гостинот и дури во последната минута преку Вељаноски го израмнија резултатот.Во раната фаза од второто полувреме во 51 минута Кркелиќ му донесе водство на Напредок,сино-белите ни поштено не се израдуваа на водството а веќе беше 2:2 ,кога Наумчески од 25 метри со компјутерски точен удар го совлада Вељаноски и го постави конечниот резултат на натпреварот .
Зоран Антоски