Напредок се созема по лошата серија

Категории: Слајдер, Спорт

Екипата на Напредок се враќа со бод од гостувањето во Штип против екипата на Брегалница. Ова е втор освоен бод во серија но и тоа како значаен во излез од опасната зона во која кичевчани се наоѓаат за цело време во есенскиот дел од сезоната. Доволно за враќање на самодовербата.

На овој натпревар Напредок двапати беше во негатива и двапати успеа да стигне до израмнување. Брегалница поведе преку Шопов во 30 минута. Израмнувањето следеше 14 минути подоцна кога Мојсовски го израмни резлултатот. Со 1-1 се замина на полувреме.

На самиот почеток на второто полувреме Брегалница повторно поведе преку Наумот во 46 минута. Следеа 30 минути борба. Израмнувањето дојде во 74 минута повторно преку Мојсовски. Овој резултат остана до самиот крај.

Следниот натпревар се игра во Кичево, а гостин е третопласираниот Металург. Овој натпревар за кичевчани претставува вистински предизвик.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,