Напредок стрмоглаво лизга кон баражот

Категории: Спорт

Од коло во коло,од натпревар во натпревар, екипата на Напредок го губи есенскиот сјај и делува како состав кој тешко некого може да совлада во нашето прволигашко друштво. На вчерашниот меч со Хоризонт домашните фудбалери имаа поголем посед на топката,повеќе се играше на половината на гостинот, но што вредат овие констатации кога нема кој да даде гол.

Веќе шест првенствени натпревари одиграни оваа пролет на домашен терен, Напредок ниту еднаш не ја затресе противничката мрежа и како резултат на таквата стерилност дојдоа и поразителните резултати и се полошиот пласман на табелата.Гостите од Турново како да знаеја со кого си имаат работа, трпеливо ги чекаа грешкита на домашната одбрана и ги дочекаа во 39 и 90 минута кога преку Балдовалиев ги постигнаа двата гола, и ја остварија можеби највредната победа оваа сезона, која се чини дека ќе им ја донесе и шампионската титула.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,