Напредок го совлада Вардар

Екипата на Напредок, го совлада шампионот Вардар во еден од трите натпревари одиграни попладнево, со кои беше комплетирано 2-то коло во Првата македонска фудбалска лига.

На натпреварот во Кичево победата на Напредок против Вардар од 1:0, им ја донесе Жарко Симјановски со голот во 70-тата минута.

Ристе Науимов (28) беше стрелец на победоносниот гол на дуелот во Штип, каде Брегалница го порази Силекс со 1:0.

Максималниот учинок на домашните екипи денеска го потврди Металург со победата од 2:0 во дуелот со Пелистер. Стрелци на головите за Металург беа Миле Крстев (37) од пенал и Емир Мандак (90+1).

На натпреварите одиграни вчера, беа постигнати следниве резултати: Хоризонт Турново – Шкендија 3:2,Тетекс – Ренова 0:3 и Работнички – Дрита2:2.

По две кола екипите на Металург, Брегалница и Хоризонт Турново, досега имаат максимален учинок и освоени по 6 бодови. По нив следуваат Ренова и Напредок со 4, Вардар има 3, додека Работнички, Шкендија, Дрита и Пелистер по 1 бод. Засега без освоен бод се екипите на Силекс и Тетекс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.