Наскоро драмска премиера во Центарот за култура во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

По подолг период љубителите на драмската уметност во Кичево, ќе можат да присуствуваат на една драмска премиера. Се работи за драмата„ Светска војна“ од Бранислав Нушиќ, во изведба на драмската секција при  КУД„ Младост“ Кичево.Тие во изминатите два месеци  интензивно ја подготвуваат оваа драма .
-Кон средината на месец ноември ќе биде нашата премиера, кога покрај изведбата на драмата Светска војна од Бранислав Нушиќ , која ние ја подготвивме, во истата вечер и на истата сцена своја драмска претстава ќе прикажат и гостите од Бујановац-Србија.Ова ќе биде возвратна посета, бидејќи ние претходната година со нашата драмска секција гостувавме во овој град од југот на Србија-рече Зоран Јовески, претседател на КУД„ Младост“.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,