Вечерва во Добој настапуваат кичевските фолклорни ансамбли

За прв пат две културно уметнички друштва од Кичево, КУД„ Младост” и КУД„ Нико Пусоски” ќе учествуваат на меѓународниот фестивал во Добој БиХ. Фестивалот ќе се одржи на 27 , 28 и 29 јуни.

– Во деновите петок,сабота и недела нашите друштва ќе настапат на три сцени, на три различни локации во Добој со заедничка програма, на која ќе ги презентираме сите убавини на македонскиот фолклор. За прв пат две друштва од нашиот град ќе имаат коктел програма во странство, во која ќе се испреплетуваат програмите на двата ансамбли. Инаку покрај друштвата од Кичево на фестивалот ќе учествуваат и културно уметнички друштва од Хрватска,Србија, Бугарија, Црна Гора и Унгарија, а од БиХ ќе настапат 5 културно уметнички друштва-  потсетија од овие друштва.

– Инаку кичевските друштва беа во план да се вратат во недела навечер, но на инсистирање на организаторот ќе одржат и неделен концерт и во земјава се враќаат во понеделник.

Зоран Антоски