Кичевчанката Дијана Наумоска од Жито-Прилеп се пресели во грчката Арта

Категории: Слајдер, Спорт

Незаменливата на голот на македонската ракометна селекција Дијана Наумоска, по три успешни сезони во екипата на Жито Прилеп, се пресели во соседна Грција во екипата на Арта, 12 кратен шампион на оваа земја.
-Во следната првенствена сезона се враќам повторно во Грција, но сега во клубот Арта од градот Артас, четвртопласиран состав во првенството на Грција во оваа првенствена сезона.Условите кои ми ги понуди овој клуб беа исклучително поволни за мене, така што не беше воопшто тешко да ја донесам оваа одлука.Со своите одбрани ќе се потрудам добро да го презентирам македонскиот ракомет во оваа зедмја-рече Дијана Наумоска, која во овој клуб ќе остане во наредните две сезони.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,