Ракометарките играат со Шведска, кичевчанката Наумоска во одлична форма!

Македонските ракометарки се враќаат во нормала по очекуваниот пораз од Франција. Ништо не е загубено, одиме понатаму. Репрезентацијата се бодри и кога победува и кога губи. Секој има лош ден. Во натпреварот со Франција најсветлата точка беше токму нашата голманка, кичевчанката Дијана Наумоска.

Наумоска забележа 10 одбрани на голот на нашата селекција и во мошне клучни моменти од мечот им даде можност на нашите репрезентативки да го ублажат водството на Французинките.

Вечерва со почеток во 18.15 часот се игра вториот натпревар против Шведска.

Токму овој дуел против Швеѓанките ќе биде клучен бидејќи според сите очекувања тоа е селекцијата против која нашите ракометарки реално можат да се носат. Сепак и да се случи да го загубиме вечерашниот дуел, шансите нема да бидат загубени се до сабота кога на програмата ќе биде пресметката со Данска.

Дијана само напред, Кичево е со тебе!