ВИДЕО: Египетска статуа необјасниво ротира за 180 степени!

Необјаснива појава се случува во Манчестерскиот музеј. Египетска статуа, која се проценува дека е стара близу 4000 години, почнува сама да се врти во витрината. Засега никој неможе да го објасни овој феномен.

– Забележав дека е свртена, ми беше чудно, бидејќи статуата е сместена во затворена витрина од која единствено јас имам клуч. Ја вратив во првобитната положба, но следниот ден повторно беше свртена. Ставивме камери да ја надгледуваат, но иако движењата може да се забележат и со голо око, забрзаната снимка јасно покажува како се одвива нејзината ротација – вели Кемпбел Прајс, кустос египтолог во музејот.

Статуата на човекот наречен „Неб-Сена“ е отриена во неговата гробница која датира 1800 години пред Христа. Оставањето предмети во гробниците бил вообичаен обичај за старите Египќани кои верувале дека покојниот може да ги користи предметите во задгробниот живот.

Статуата која ротира се наоѓа на ова место скоро 80 години. Нејзиното необјасниво ротирање за точно 180 степени се случува за прв пат и никој неможе да го објасни.