Новиот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Кичево

Претседатлот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, најмасовниот политички подмладок во Република Македонија, Владимир Нелоски, синоќа беше во посета на снежното Кичево. Нелоски одржа состанок во општинскиот комитет. На средбата тој ги запозна младите кичевчани за својата програма која почива на принципите на модерниот конзервативизам, напорна работа и комплетна идентификација со партиските политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги имплементира неколку години во континуитет.

Нелоски имаше прилика одблиску да се запознае со досегашната работа на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево и со предизвиците со кои младите кичевчани се соочуваат.