Несекојдневен настан во Демир Хисар заврши со среќен крај

Категории: Демир Хисар, Слајдер

Несекојдневниот настан кој се случи во демирхисарско за среќа имаше среќен епилог.

Кафеава мечка e заробена повеќе од 30 часа во подметната стапица во атарот на демирхисарските села Сопотница и Жван.

Според Драган Апостоловски од ловечкото друштво во Демир Хисар, мечката ја забележале во текот на денешнот ден, а се претпоставува дека е заробена повеќе часа затоа што е нервозна и бесна.

Мечката има лесни повреди од челичната сајла од стапицата со која и се врзани нозете.

Таа упаднала во стапица, којашто најверојатно ја поставиле несовесни ловџии кои користат ваков вид на стапици за фаќање на диви свињи.

Со цел овој  заштитен дивеч да биде ослободен, ловечкото друштво „Демир Хисар“ ја алармираше Зоолошката градина во Скопје, ветеринарните екипи и СВР Битола.

Се очекува мечката да биде спасена и вратена назад во планината.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,