Тешка несреќа се случи попладнето во кичевската гимназија

Попладнево во кичевската гимназија „Мирко Милески“ се случила несреќа кога еден ученик паднал од голема висина.

На одморот меѓу прв и втор час, од скалите на трет спрат на бетон паднал ученикот од втора година Илјаз Б. Ученикот во бесознание лежел на бетонот додека дојде брзата помош. Откако било констатирано дека има пулс, со тешки повреди на главата, пренесен е на клиниките во Скопје. Неговата состојба до овој момент не е позната.

Учениците вознемирени од настанот не биле во состојба да одржуваат настава. Па, после третиот час наставата во двете училишта беше прекината.