Незаборавен роденденски концерт на КУД „Бисер“-Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Празник за очи и уши беше она што вчеравечер им го приредија фолклористите на КУД„ Бисер” Кичево, на многубројните гледачи присутни на роденденскиот концерт, со кој друштвото го прослави десетгодишниот јубилеј.

Се нижеа прекрасни игри од сите делови на Македонија, а Спасен Сиљаноски беше задолжен да ги потсети присутните, дека во ова друштво не само што добро се игра, туку и убаво пее. Се што беше вечерва направено од страна на фолклористите на Бисер, беше на највисоко професионално  рамниште, а тоа го потврдија и громогласните аплаузи на крајот од концертот, приредени од страна на презадоволните посетители. Дружењето на фолклористите на Бисер продолжи во ресторанот Мерак, каде што се заокружи вечерашниот јубилеј.

– Можеме да бидеме наполно задоволни од она што вечерва го прикажаа нашите играорци и пејачи, и да бидеме горди што ни припадна таа чест на најдобар можен начин да го презентираме македонскиот фолклор во својот град, пошироко во земјава, па и на сите континенти – рече пресреќниот, Младен Ванчоски, претседателот на друштвото.

Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,