КУД „Нико Пусоски“ на фолклорен фестивал во Васлуи, Романија

Најстарото фолклорно друштво од  Кичево, кое годинава прослави 65 години од своето постоење , КУД „Нико Пусоски“, денес отпатува за Романија на североистокот од земјата во градот Васлуи, каде ќе настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал, на кој покрај нашето друштво ќе учествуваат и фолклорни ансамбли од Хрватска, Србија, Унгарија, Молдавија и земјата домаќин Романија.
-За првпат нашето друштво ќе учествува на Меѓународниот фолклорен фестивал во градот Васлуи, Романија. Според она што ни е познато пред патот за Романија, нашето друштво ќе настапи во трите фестивалски вечери и ќе ни биде резервирано време од 50 минути, за да ги прикажеме сите убавини на нашата  игра и песна.Се надеваме дека ќе бидеме добри репрезенти на македонскиот и кичевскиот фоклор во целост-рече Аце Јованоски, кореограф и претседател на ова друштво.
Зоран Антоски