Нов грабеж на црква во Кичевско

Ноќта помеѓу 28 и 29 јули непознато лице провалил во црквата „Свети Атанасија“ во село Горно Подвис – известуваат од МВР.

Освен што нанел оштетување на црквата, тој одзел 10 икони и 500 денари. На негово откривање работи полицијата.

Ова е уште еден во низата грабежи на верски објекти во Кичевско. На почетокот на годинава мета на крадци беа црквата Свети Петар и Павле во Кичево, манастирот Света Богородица Пречиста, црквата Свети Никола во село Брждани…