Непозната голема експлозија на небото над Свердловск, Русија (фото + видео)

Категории: Свет, Слајдер

Невообичаено силна експлозија го потресе небото над рускиот регион Свердловск, на Уралските планини. Додека локалните жители ја „уловија“ експлозијата на камери, научнииците и безбедносните служби сеуште неможат да го објаснат овој настан.

Експлозијата се случила над градот Реж и траела неколку секунди на 14 ноември.

Прв на интернет снимката ја поставил некој возач, за веднаш потоа уште многу луѓе да се јават и да потврдат дека и тие биле сведоци на овој настан. Веднаш потоа, социјалните и традиционалните медиуми почнале да даваат претпоставки за што всушност се работело. Не е пријавен ниеден инцидент нити пак се слушнал некаков звук.

Според  E1.ru, се работи за експеримент на војската, но руската војска ова го демантираше со изјава дека немаат никаква врска со настанот.

„Немаше никакви вежби тој ден, а армиските единици кои се сместени во тој регион немаат никаква вклученост во настанот“, изјави за E1.ru прес службата на Руската армија.

Друга претпоставка е дека се работи за астероид кој влегол во земјината атмосфера и се распрснал. Силниот отсјај кој притоа се појавил е поради ниските облаци.

Но астрономот Вадим Крушински се сомнева во тоа изјавувајќи дека според бојата, не се работи за астероид, туку поверојатно е дека се работи за вселенска ракета. На своето тврдење го надоврзува фактот дека космодромот Плесетск е во близина.

Ова го побива Руската Федерална Вселенска Агенција која вели дека последното лансирање се случило на 29 октомври, а наредното е закажано за 24 ноември.

Како и да е, на луѓето од овие региони сеуште им е свежо сеќавањето на метеоритот (види 1,2) кој го погоди Чељабинск во февруари минатата година кој предизвика поголема материјална штета, а имаше и повредени.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,