Кичево од вечерва повторно под снег

Во текот на ноќта Македонија ќе биде зафатена од влажен бран кој ќе резултира со повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и врнежи само од снег на повисоките места и на планините.

Во текот на оваа ноќ врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови ќе има локални слаби врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на повисоките места и на планините. Околу пладне ќе настапи преодно намалување на облачноста.

Во текот на попладневните часови се очекува повторно зголемување на облачноста од северозапад која ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на пониските места и врнежи само од снег на повисоките места и на планините.

Врнежите во текот на утрешната ноќ ќе биат поинтензивни, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од -6 до 0 степени, а максималната од 0 до 6 степени.